Викендов сообраќајот во Скопје ќе се „поремети" - еве каде нема да се вози

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во недела на булеварот Трета македонска бригада ќе се изведуваат градежни работи – прекопи за поставување подземни инсталации, со што ќе се „поремети" сообраќајот. Кај крстосницата на булеварот Трета македонска бригада со улицата Фрањо Клуз сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента, во периодот од 7 часот и 30 минути до 18 часот и 30 минути.

 Во овој дел од булеварот Трета македонска бригада ќе се постави соодветна патна сигнализација.

 Градот Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци, да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот и доколку се во можност во своето движење да ја користат околната патна мрежа.

 

 

23.05.2014 - 12:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега