15-годишен научник освои прво место на Меѓународниот саем на наука и технологија на Интел
15-годишниот Нејтан Хан од Бостон го освои првото место за развој на софтвер кој детектира мутации во гените што предизвикуваат рак на дојка, на Science and Engineering Fair (Intel ISEF) на Intel во Лос Анџелес, во програмата Society for Science & the Public.
Користејќи податоци од јавно достапните бази на податоци, Хан детално ги прегледал карактеристиките на повеќе мутации во генот BRCA1, кој е заслужен за спречување на појавата на тумори со цел да го “научи” софтверот да ги разликува мутациите што водат кон почетокот на болеста, од оние што не водат. Неговата алатка е со 81% точност и може да се користи за прецизно идентификување на ризикот од рак. Натан Хан е почестен со наградата Gordon E. Moore во вредност од 75.000 долари, која е именувана според научникот и коосновач на Intel Corporation.
Со по 50.000 долари од фондацијата наградени се и 15-годишниот Ленард Клинворт (развил нова математичка алатка за смартфони и таблети што овозможува нови способности на уредите), и 17-годишната Шенон Синѓинг Ли (за развој на електрокатализатор кој може да се користи во батериите на иднината).
„На светот му требаат повеќе научници, иноватори и претприемачи за да создаваат нови работни места, да го подобрат економскиот развој и да дадат одговори на итни глобални предизвици,“ посочила Венди Хокинс, извршен директор на Фондацијата Интел.
„Не само што работат на откривање на решенија за предизвиците на општеството, тие служат како инспирација за младите студенти охрабрувајќи ги да се вклучат во чудесниот свет на науката и инжинерингот.“ – изјавил Рик Бејтс, извршен директор и одговорен за Society for Science & the Public.
Оваа година, околу 1.700 млади научници беа избрани за да се натпреваруваат на Intel ISEF. Тие беа избрани од 435 партнерски саеми во повеќе од 70 земји, региони и територии. Повеќе од 500 финалисти добија награди и признанија за нивните иновативни истражувања.
Intel е главниот спонзор на ISEF од 1997 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа