Вељановски им го честита празникот на Власите
По повод 23 Мај - Националниот ден на Власите, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, собранискиот спикер Трајко Вељановски упати искрени честитки до сите припадници на влашката етничка заедница во Република Македонија.
- Себеизразувањето и афирмацијата на идентитетот се основните човекови права. Република Македонија ги почитува овие права и ми причинува задоволство да истакнам дека со одбележувањето на овој ден сеуважува големиот, културен и општествен придонес на влашката заедница. Уверен сум дека вредностите кои ги негува влашката заедница претставуваат значаен дел во севкупните заложби за зачувувањето на вредности на нашето општество, како и негување на толеранција и соживот помеѓу сите граѓани во Република Македонија, вели тој во честитката.
Вељановски додава дека е потребно е сите заедно да продолжиме во реализација на нашите цели, евро-атлантска интеграција на Република Македонија, со што продолжуваме да создаваме подобра и просперитетна иднина на генерациите што доаѓаат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа