„Врие" од матуранти на плоштад - ќе танцуваат квадрил и салса

Околу 1.300 матуранти по осми пат денеска на градскиот плоштад „Македонија“ ќе го заиграат танцот квадрил во рамки на „Матурската парада 2014“. Покрај скопските матуранти од 22 училишта, ќе танцуваат и матурантите од Струмица, Гевгелија, Охрид и Струга.

Организатори на манифестацијата се Дирекцијата за култура и уметност-Скопје и Танцовиот клуб „Ритам плус“ од Скопје. Покровител е Град Скопје, а поддржувачи се Делегацијата на ЕУ во Македонија и Т-Мобиле. Помагатели се компаниите Горска и Секуриком. Медиумски покровител е Македонското радио-Радио Скопје, кое ќе го преземе радио сигналот од Словенија.

Собирањето и подготовките на матурантите ќе почне денеска околу 9 часот на плоштадот „Македонија“. Од 10:30 до 11 часот матурантите ќе дефилираат од градскиот плоштад „Македонија“, по кејот „13 Ноември“, пред хотелот „Холидеј Ин“, покрај улицата „Филип Втори Македонски“ до Собранието на Република Македонија и ќе влезат на плоштадот преку портата „Македонија“. Ќе имаат генерална проба и во 11:40 часот ќе почне официјалниот дел од програмата. „Матурската парада“ ќе ја отвори скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Оваа манифестација има и натпреварувачки тек, да се постави Гинисов рекорд во категоријата истовремено синхронизирано одигрување на еден ист танц на различни места или во различни градови. Последните години составен дел на оваа манифестација е и изјавата/заклетва на матурантите за ненасилство, за толеранција и меѓусебна соработка.

 

23.05.2014 - 09:19
Фото: 
Вест
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега