ФОТО: Секоја чест за овој Англичанец - земал слободни денови за да помогне на поплавените во Србија

 

Едноставно неможев да седам со скрстени раце, па го замолив шефот да ми даде слободни денови за да можам да дојдам во Србија и да помогнам колку што можам, изјавил Англичанецот Џон Дод, за српски Курир

Џон Дод, како што изјавил, се заљубил во Србија веднаш откако за првпат ја посетил оваа земја во 2011 година.

 - Во Белград за првпат дојдов сосема случајно. Со друштвото баравме евтини летови и така низ понудите ја забележавме и престолнината на Србија. Иако коментарите од наши блиски беа дека Србија не е меѓу најпосакуваните земји за патување, ние сепак се одлучивме да ја посетиме, рекол Џон.

Откако се вљубил во Србија тој земјата ја посети уште пет пати.

Џон за природната катастрофа дознал преку социјалните мрежи 

- Навистина сум му благодарен на шефот што ми овозможи да дојдам во Србија, дури се потруди да ми даде што повеќе слободни денови, посочил Џон, додавајќи дека со себе ја понел целата неопходна опрема за спасување,  гумени чизми, јажиња, опрема за планинарење и се што му паднало на памет дека би можело да помогне.

Приказната за него брзо се рашири низ социјалните мрежи, каде сите се вооодушевени од неговиот великодушен гест.

22.05.2014 - 17:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега