Нова атракција на скопските улици - уживање кое ќе ве чини само 50 денари!

Од сега може да си направите туристичка прошетка низ Скопје со електромобил! Цената за билетот за ова уживање ќе чини само 50 денари, како што усвои вчера Советот на Градот Скопје.

Електромобилите, кои ќе служат за туристички прошетки, веќе се пристигнати. Со нив ќе може да ги видите сите убавини од Порта Македонија, по улица Македонија до Стара железничка станица преку Камени мост и преку мостото „Око“. Возилата ќе имаат и обучен водач кој ќе биде и туристички водич. 

Договорот за нивна набавка „Градски паркинг“ го склучи со фирмата „Хипнел“, а едно возило чини 11.420 евра. Ќе сообраќаат секој ден од 10 до 19 часот.

22.05.2014 - 10:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега