Сообраќајна несреќа со голем број повредени и изгореници

Министерството за здравство и Светската здравствена организација денеска во Градскиот парк 2 во Скопје ќе реализираат симулациска вежба „Сообраќајна несреќа со голем број повредени и со изгореници".

Целта на вежбата е тестирање на Планот за одговор при кризни состојби на ЈЗУ Градска Општа Болница 8-ми Септември-Скопје, и подготвеноста на Итните медицински служби при Здравствен дом -Скопје како и соработката со другите сектори.

Симулациската вежба ќе се реализира како дел од Меѓународната конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата во организација на РСБСП. Вежбата е дел од активностите планирани во рамките на Двогодишниот билатерален договор за соработка за 2014/2015 година помеѓу Министерството за здравство и Светската здравствена организација (СЗО). 

22.05.2014 - 09:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега