Конечно добра вест - во Србија веќе нема критични места

 

Началникот на српскиот Сектор за вонредни ситуации Предраг Мариќ денеска изјави дека во поплавените подрачја во Србија веќе нема критични места, ниту има тешки ситуации, но штабовите се во целосна готовност додека се не се стабилизира. 

Тој истакна дека најмногу луѓе се евакуирани од Обреновац, дека се уште има граѓани кои одбиваат евакуација и на нив редовно им се доставуваат храна и лекови.

Во текот на ноќта во Забрежје дошло до зголемување на водостојот, како што било најавено, и оваа евакуација била од превентивна природа. Во текот на денов се очекува стагнација и намалување на нивото на водата, нагласи Мариќ.

Според него, најважно е да нема загрозени човечки животи. 

21.05.2014 - 15:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега