Мандатот заврши - Софија Куновска се „збогува“ со Град Скопје

Софија Куносвка остана без мандатот во Советот на Град Скопје. Советниците на денешната седница констатираа дека и се прекинува мандатот бидејќи на изборите на 27 април, граѓаните и доверија пратеничко столче во македонското Собрание. 

Во изјава за медиумите таа рече дека мнозинството во Советот “еднај чекало да се отараси од неа“
Софија Куновска е прв човек на социјалдемократите во Скопје. Долго време таа ја координираше советничката група на опзицијата во Град Скопје. 
Со оглед на тоа дека нејзината партија не го прифаќа мандатот, Куновска заедно со останатите 33 пратнеици на СДСМ останува дома со 30% од пратеничката плата. 

21.05.2014 - 14:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега