Природната катастрофа ја обедини Србија: „Делије“ го чуваат Миша Тумбас (ФОТО)
Големата природна катастрофа ја обедини Србија, која денови дише како еден. Тоа го докажува и примерот за најпознатиот навивач на Партизан, Мирослав Гајиќ које добро познат како Миша Тумбас.
Навивачите на Партизан и Црвена Звезда се веќе неколку дена помгаат околу евакуираните од поплавите.
Миша во саботата е спасен од Бариќ и е сместен на Кошутњак, каде за него се грижат и навивачите на Црвена Звезда.
Дека познатиот навивач на Партизан е во сигурни раце потврдува и пораката на Фејсбук, која ја напиша еден волонтер по име Вук Стевановиќ.
- „Гробари“ ви го чуваме Миша на Кошутњак, но за него и за многу други луѓе е потребна храна за дијабетичари. Што би рекол Валканиот инспектор Блажа, не е важно што не дели, дали сме црвени или црно – бели. Си помагаме како знаеме и умееме, порача Стевановиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа