Позната пејачка згрижи две семејства од Обреновац
Познатата српска пејачка Сека Алексиќ деновиве е активана во помошта кон зафрозените семејства од полавите, покрај тоа што донираше облека, храна, таа заедно со нејзиниот сопруг Вељко во нивниот семеен дом во Стара Пазова вдомиле две семејства со мали деца од Обреновац.
Сека на својот Фејсбук профил напишала дека е горда на нејзините колеги, но и ги поздравила „хејтерите“.
„За овие будали кои седат и се ладат, да не кажам што плукаат по јавните личности, можам само да кажам дека ги жалам. Малоумници едни. Зарем е важно кој колку донирал? Ако луѓето даваат, тогаш се „рекламираат“, а ако не даваат повторно не е добро! Мрш од овој профил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа