БиХ: За обнова е потребна голема меѓународна помош

 

Претседателството на Босна и Херцеговина заклучи дека последиците од природната катастрофа се толкави што без голема меѓународна помош нема да можат да бидат остранети.

- Состојбата е исклучително тешка и сложена и бара одлучно реагирање на сите органи на власта, изјави председавачот со Претседателството со БиХ Бакир Изетбеговиќ по вонредната седница на државниот врв.

Според Претседателството повеќе од еден милион луѓе настрадаа од поплавите, додека стотина квадратни километри земјиште и понатаму се под вода, а десетици илјади луѓе се евакирани.

Советот на министри побара веднаш да се преземе се што е нужно за да се забрза приемиот и распределувањето на помошта која доаѓа од странство, како и да се изработи сеопфатен план за санација на штетите.

Оценето е да се организира меѓународна донаторска конференција со цел собирање на помош за обнова, како и репрограмирање на доспеаните обврски на државата по различни кредитни араннжмани.

20.05.2014 - 19:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега