Иванов телефонски разговараше со Јосиповиќ и Комшиќ
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ во денешните телефонски разговори се согласиле дека е неопходно засилување на регионалната соработка и координирана акција во справувањето со природните несреќи и катастрофи.
Во телефонските разговори Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, ја истакнал подготвеноста на Република Македонија да понуди помош и да ги стави на располагање своите расположливи ресурси со цел справување со последиците од невремето.
Членот на босанското претседателство Комшиќ во телефонскиот разговор посочил на ургентната потреба за помош во лекови и санитарен материјал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа