На Гевгеличанец му се насмеа среќата - со Смајли стаса до скутер

Во чест на обележување - четири години од пласирањето на првите игри на среќа на Државна лотарија на Македонија, во време на очекување на седмиот милионер - добитник на НовоЛото 7ка и во пресрет на шестото извлекување од наградната игра Фискала во рака - Награда без мака, Државна лотарија на Македонија го реализира караванот со промоции во 15 градови низ Македонија. На промоциите, граѓаните можат да се дружат со водителите на игрите на среќа Марјана, Викса и Маја, да се забавуваат, да учествуваат во игрите на среќа и добиваат подароци од Државна лотарија на Македонија, плус во специјалните кутии наменети за наградната игра да ги оставаат своите коверти со фискални сметки. Во склоп на караванот, уште на самиот старт, имавме прилика да се дружиме и со најновите добитници на добивките во игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Досега, доделени се клучевите на три автомобили. Оваа недела, караванот на Државна лотарија на Македонија, донесе и нови добитници со кои имавме прилика да се запознаеме.

Јован Ѓошев од Гевгелија е најновиот среќен сопственик на скутер, благодарение на Инстант среќната лотарија Смајли. Тој е вљубеник во игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија . Своето среќно Смајли го купил од продажното место МИМА ДОЕЛ. Клучевите од неговиот скутер му ги додели нашиот водител Виктор Петров Викса во склоп на нашето гостување во Гевгелија.

И вие може да станете еден од 35те сопственици на скутер. За само 30 денари, може да го имате скутерот од своите соништа - Aprilia SR 50, Gilera Runner 50 или Vespa LX 2T!  Досега доделивме 22 скутери, а во игра остануваат уште 13.

Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија е одлична можност за секој што сака да освои добивка и веднаш да ја однесе дома

По доделените три автомобили и скутерот од Инстант лотаријата Смајли, караванот продолжи да трага по нови среќни добитници. Ги посетивме Струмица,Гевгелија, денес сме во Кавадарци, пред продажното место Сигма,  а следните промоции се одвиваат по овој редослед :

ден

мај/датум

град

Продажно место

 

 

 

 

       
       
       
       
       
       

СРЕДА

21ви

КИЧЕВО

ДЕТЕЛИНКА

ЧЕТВРТОК

22ри

ГОСТИВАР

ЈОТОН

ПЕТОК

23ти

ОХРИД

ПРАГМА

САБОТА

24ти

СТРУГА

КИКИ ТВИНС

 

Бидете таму, можеби токму некој од вас ќе биде следниот добитник на премија на една од нашите игри на среќа НовоЛото 7/34, Бинго Бум, Лото5, Кено и Инстант лозовите: Среќни тркала, Детелинка, Смајли, Твингоманија, 7ма Брзина, Среќни коцки и Подарок кои нудат автомобили, скутери и парични добивки до еден милион денари.

 

За добро!

20.05.2014 - 14:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега