Баерн Минхен e новиот шампион на Европа
Минхенски Баерн е победник во фудбалската Лига на шампиони за сезоната 2013/2013.
Баерн го доби „германско„ финале во Лигата на шампионите, откако синоќа на Вембли во Лондон, ја совлада Борусија Дортмунд со 2:1.
Сите три гола беа постигнати во второто полувреме.
Хрватот, Марио Манџукиќ во 60-та минута, по акцијата на Ариен Робен му донесе водство на Баерн од 1:0.
Во 68-минута, Гундоган од пенал го израмни резултатот, откако претходно Данте направи прекршок над Ројс во шеснаесетикот на Баерн, а судијата Рицоли од Италија оправдано покажа на белата точка.
На две минути до крајот на натпреварот(88-минута), Холанѓанецот Ариен Робен, ја искористи нерешителноста на одбраната на „Милионерите„ постигнувајки го вториот гол за Баерн за конечни 2:1.
Така Баерн во своето десето финале во Лигата на шампионите стигна до петата титула, откако претходно „Баварците„ се искачија на тронот на Европа, во 1974, 1975, 1976 и 2001 година.