Пратениците на СДСМ не поднесуваат оставки - секој први над 20.000 денари плата
Пратеничката група на СДСМ мора да влезе во Собранието за да ги врати мандатите. Законските одредби велат дека доколку пратеникот сака да се откаже од функцијата мора својата оставка во писмена форма лично да ја достави на пленарна седница. Истото го потврдуваат и пратениците од редовите на ВМРО ДПМНЕ Силвана Бонева и Александар Николовски според кои нотарските изјави на опозициските пратеници за откажување од собраниските столчиња немаат никакво значење
Тоа што сега останува нејасно е дали опозициските пратеници кои не се појавуваат во собранието ќе добијат месечни примања. Според Николовски постојат неколку сценарија но се зависи од одлуката на СДСМ за влез или бојкот на работата на собранието. Доколку не се појават да си поднесат оставки, социјалдемократите кои освоија пратенички мандат ќе добиваат по 30% од пратеничакта плата, или нешто повеќе од 20.000 денари месечно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа