Комитите направиле хаос на стадионот во Штип
На градскиот стадион во Штип за време на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на ФК Брегалница од Штип и ФК Вардар од Скопје, откако пристигнале навивачите на навивачката група „Комити“ поради не поседување на влезници не биле пуштени од страна на редарите да влезат внатре, но истите изреволтирани насилно ја турнале вратата од источната трибина, а дел и со прескокнување влегле внатре. Во туркањето телесно повредиле полициски службеник.
Исто така, повреден е и еден навивач од навивачката група „Комити“. За време на насилното влегување натпреварот е прекинат околу десет минути, а потоа продолжил без проблеми.
Од страна на полициски службеници ќе бидат преземени соодветни мерки против ФК Вардар и одговорното лице согласно Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа