Голема полициска акција во Гостивар
Во акција на полицијата и Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, вчера наутро околу 4 часот во угостителските објекти "Бакарди" во Гостивар и "Ориентал Били 97" во Добри Дол, биле затекнати вкупно 21 девојка за кои нелегално престојувале и работеле во земјава.
Акцијата за откривање на лица кои непријавено престојуваат или работат на подрачјето и нивна евентуална инволвираност во трговија со луѓе, затекнати се осум странски државјанки (шест од Република Србија и две од Босна и Херцеговина) и 13 од нашата земја (од Скопје, Куманово, Струмица и Кичево).
Странските државјанки на возраст од 23 до 30 години, во објектите биле ангажирани како пејачки, танчерки, келнерки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа