Пронајдени 12 безживотни тела во Обреновац

Дванаесет безживотни тела се пронајдени во Обреновац. Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека стравува дека бројот на жртвите е поголем и потврди дека едно лице загина од природна смрт.

Вучиќ истакна дека власта планира да ја заштити јавноста од сензационализам и невистинити приказни.

- Ситуацијата е катастрофална, но има и невистините информации, како на пример, дека се урнати цели згради. Тоа не е точно, станува збор само за еднокатна куќа, посочи Вучиќ.

Влезот во Обреновац и понатаму е блокиран, а евакуацијата се уште трае. Полицијата ги пропушта само спасувачките екипи.

18.05.2014 - 15:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега