Живко Будимир излезе од затвор

 

Претседателот на Федерацијата БиХ Живко Будимир, синоќа нешто по 22 часот ги напушти просториите на Казнено поправната установа во Мостар.

Пред затворот го пречекаа триесетина приврзаници и голм број новинари. Неговата куса изјава за медиумите беше дека „победи правосудството на БиХ“.

 

 

Неговиот адвокат претходно најави дека тој ќе биде ослободен од притвор.

 

 

Тој беше уапсен на 26 април под сомнение дека со некои одлуки за помилување осуденици го прекршил законот и ги злоупотребил овластувањата.

 

најчитано сега