„Ќе има река од трупови“- Баба Ванѓа ги предвидела поплавите

Украинскиот  бизнисмен Анатолиј Лубченко, објави разговор кој наводно го водел со слепата, но видовите баба Ванѓа од Бугарија. Како што тврди тој разговорот е снимен непосредно пред нејзината смрт, а во него таа открива дека видела многу човечки трупови.

Имено Вангелија Гуштерова, позната во светот како баба Ваѓа, на Лубченко му открила детали од нашата блиска иднина, кои во најмала рака се интригантни.Таа вели дека светот би требало оваа пролет да биде погоден од големи поплави, кои со себе ќе носат „река од трупови“но не прецизирала во кој дел на Земјата тоа ќе се случува.

Според Ванѓа, после тоа не чека уште поголем пекол  следува епидемија која наводно е пострашна и од СИДА-та, а која ќе ги покоси мажите. Станува збор за нова кожна болест. Пророштвото вели дека ќе умираат во тешки маки, со а телата ќе им бидат полни со гнојни чирови.

Ако може да се верува, таа ја прорече смртта на принцезата Дајана, Хитлер, неславниот пад на Сталин, нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк, распадот на СССР, датумот на смртта на бугарскиот крал Борис Третти, како и датумот на сопствената смрт.

17.05.2014 - 13:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега