Вонредна состојба и во Хрватска долж реката Сава

Поради континуирано зголемување на водостојот на реката Сава кај Славонски Шамац синоќа беше прогласена вонредна ситуација на подрачјето на Бродско-посавската жупанија во Хрватска.

Славонски Брод  се најде на удар на водениот бран на Сава каде денеска исто така се очекува прогласување вонредна ситуација, јавуваат хрватски медиуми.

Водостојот на реката Сава достигна 8 метри.

 

- Од ноќеска на сила се вонредни мерки за одбрана од поплава, на располагање се ставени единици на цивилната заштита како и тимови, механизација и опрема за градските фирми, изјави Миро Дуспара, градоначалник на Славонски Брод. Водостојот на Сава кај Жупањ е 1.159 сантиметри, повеќе од досега рекордното ниво за 1,20 метри.

17.05.2014 - 13:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега