Пукна браната: Уште едно место во Србија целосно се евакуира - граѓаните во паника

Местото Барич во непосредна близиан на Обреновец целосно се евакуира. Српското Министерство за внатрешни работи пред малку издаде наредба за тотална евакуација на Барич. Според првичните информации од репотерот на Press24 кој во моментов го напушти ова место станува збор за брана кој туку што попуштила. Тој вели дека сликата е страшна и дека луѓето во паника бегаат од оваа обреновска населба. Во Барич според последните инфомрации има над 7.000 луѓе.

Водостојот на реката Сава во близина на Јамена и Шабац е над границата за вонредна одбрана од поплави, а кај Сремска Митровица е малку под границата за вонредна одбрана со тенденција за пораст во следните два деца, објави српскиот хидрометеоролошки завод.

На Велика Морава кај Ќуприја и Багрдан се очекува достигнување на границата за вонредна одбрана од поплави во текот на утрешниот ден, а долниот тек на Западна Морава е во пораст.

Во Сремска Митровица се упатени 500 волонтери до Нови Сад за помош во справувањето со поплавите, јави Танјуг.

17.05.2014 - 13:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега