ВИДЕО: Наместо да им помогнат тие ги исмејуваат- српски војници за малку ќе настрадаа во поплавите

Постојано сме свеоци на страотни и драматични од регионот, кои кружат на интернет. На последните видео снимки забележано е  како водената стихија носи еден камион и џип на Војската на Србија.

Она што е посебно застрашувачко е што во тој момент во двете возила има војници.

Снимките ги направиле жители од Раковица, каде се одвивала и оваа драма. На снимката јасно се гледа како еден од војниците се обидува да излезе од џипот кој буквално тоне но за среќа војниците успеваат некако да се извлечат.

Посебно било ризично за војникот кој се наоѓал во џипот.

Видеото наидне на негативни коментари од страна на српските граѓани бидејќи оние кои биле сведоци на драмата со српските војници ги извадиле мобилните телефони за да снимаат и дури и се смееле наместо да им помогнат на војниците кои одвај се спасиле.

17.05.2014 - 12:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега