Циклонот „Тамара“ не мирува- Србија ја очекуваат уште поинтензивни врнежи

Во текот на оваа вечер, во подрачјето на југозападна и западна Србија, односно во Белград, Шумадија, Срема и Бачка се очекуваат обилни врнежи, а во останатите предели ќе бидат со послаб интензитет, соопштуваат од Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија.

Од вторникот, 13 мај Србија ја зафати циклонот „Тамара“ кој ќе остане запаметен како најврнежливиот циклон откако се вршат метеоролошки мерења во Србија.

Од Хидрометеоролошкиот завод, изјавиле дека водостојот на Сава во Белград е во пораст и се очекува својот максимум да го дистигне во втроник, 20 мај што ќе биде алармантна ситуација за прв степен на вонредна состојба.

17.05.2014 - 12:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега