Белград загрозен- Сава се дигна над 8 метри

Нивото на реката Сава се крена над 8 метри, се претпоставува дека до утре би можела да се излее по Белград, а под вода би можеле да се најдат улиците кај Ада Циганлија и Саемот.

Сања Жугиќ, началник на управата за справување со ризик, за српски„Курир“ изјави дека Сава расте од час во час и дека најкритично ќе биде денес и утре.

- Огромни количини на вода доаѓаат. Најкритично ќе биде во Обреновец, Сремска Митровица, Белград. Тешко е да се прецизираат конкретни локации. Се очекува водостој над нивото за вонредни ситуации. Коритото на Сава ќе биде како коритото на Дунав, вели таа.

Тоа го потврди и министерот Александар Антиќ.

- Србија во наредните денови ја очекува серизона драма со Сава. Ќе ја браниме Србија од Сава.

17.05.2014 - 10:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега