Руските спасувачи сили евакуирале 400 луѓе од зоните на поплава

Александер Дробишевски, претставникот на Министерството за вонредни ситуации на Русија денеска изјави дека руските спасувачки тимови кои се во Србија да помогнат на загорзени од поплавите, во Обреновац вчера евакуирале околу 400 луѓе од зоните на поплава.

– Од петокот наутро тие евакуираа 393 луѓе меѓу кои и 79 деца, изјави Дробишевски. Во моментот во Обреновац активни се 76 руски спасувачи со 10 чамци и две специјални возила.

Уште два авиона Илјушин-76 се подготвени во Србија да донесат дополнителен број спасувачи и опрема.

На територијата на Србија досега се евакуирани 15.475 луѓе, соопшти МВР на Србија. Без електрична енергија се 13 општини со 88.615 домаќинства.

Првиот потпретседател на српската Влада и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ им се заблагодари на државите и на Европската унија на досега дадената помош во борба против катастрофата што ја погоди Србија. Дачиќ наведе дека Србија има потреба од помош во опрема, техника и луѓе специјализирани за спасување. Помош е побарана и од канцеларијата на ОН во Белград.

17.05.2014 - 10:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега