Не издржа - почина скопјанецот кој вчера беше застрелан во Аеродром

52 годишниот скопјанец Д.Ј. кој вчера заработи три куршуми во телото, им подлегнал на повредите, пишува Телеграф.мк, повикувајќи се на информации од МВР.

Се уште не се познати причините за престрелката која вчера ги вознемири жителите на скопската населба Аеродром.  Непознатиот сторител избегал од местото на настанот, веднаш по пукањето. 

Жителите на околните згради, за Пресс24 изјавија дека се слушнале 7-8 истрели од зградата сместена на бул. „Јане Сандански“, во која живеел Д.Ј.

Се очекува полицијата да ги објави деталите за случајот во текот на денешниот ден.

17.05.2014 - 10:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега