Ситуацијата е под контрола- Шабац е спасен

Ситуацијата е под контрола, успеавме ноќеска да го спасиме Шабац од евентуално излевање на реката Сава, изјави денеска началникот на ГШ на армијата на Србија, генерал Љубиша Диковиќ.

– Кога почнавме не бев оптимист, имаше многу проблеми. Подоцна ситуацијата се поправи, се дојде на свое место. Ангажирани се повеќе од 6.000 граѓани и припадници на МВР и Армијата на Србија кои навистина макотрпно работеа. Со задоволство може да констратирам дека градот е спасен, изјави Диковиќ за РТС.

Заштитните насипи и понатаму се подигнуваат. Според него, веќе нема потреба од страв за поплавување на околните села.

17.05.2014 - 10:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега