Крвав четврток во Кочани: Соседи среде улица се искршиле од ќотек

Крвава тепачка во Кочани. Синоќа било пријавено во полициска станица дека на улицата  „Стамен Манов“ бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 40-годишниот О.А. 27-годишниот Е.А. 64-годишниот Ј.М. од една страна и нивните соседи, 35-годишниот Е.Ј. 33-годишниот Р.Ј. и 55-годишниот З.Ј. од друга страна.

Според податоците од полицијата, соседите се испотепале со вила, рачка од земјоделски алат и нож, а со убодна рана во пределот на десната плешка, скршено рамо и нагмечување по телото се здобил О.A., додека со телесни повреди се здобиле Е.A., З.J. и Р.J.

По целосно расчистување на случајот против учесниците ќе биде поднесен соодветен поднесок.

16.05.2014 - 12:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега