Тешко повредено 13 годишно момче во сообраќајка пред Штип

Едно 13 годишно момче од Кочани е потешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 16 часот се случила на региналниот пат Штип - Плачковица.
Како што информира полицијата, во сообраќајката учествувале автомобил Форд Фиеста управуван од  М.К. (43) од Кочани и камион управуван од Б.Г. (61) од Струмица.

Во судирот тешкое повредно 13 годишното момче кое било во Фордот а повреди заработила и сопатничката Ј.К. (48). Жената е префрлена во кочанската болница, додека поради сериозноста на повредите, момчето е префрлено во Клиничкиот центар во Скопје.

Возачот на камионот како и тој на Фордот поминале со полесни повреди.

16.05.2014 - 10:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега