Мајка моли за помош: Помогнете ми бебето повеќе не може да издржи!

Поплавите во Бих направија вистински хаос. Непосредно покрај реката Босна во градот Маглај се наоѓа куќа во која е заглавено семејство со мало бебе. Бебето има само неколку месеци, а родителите од изутрината бараат помош, пишува порталот klix.ba.

Мирсада Карабеговиќ, мајката на бебето, за порталот изјавила дека таа и нејзиниот сопруг цел ден се бора со поплавите: - Чекаме хеликоптер, но тој никако да дојде. Им мавтаме со крпи, алишта, но ништо. Хеликоптерот ќе дојде и ќе помине, како да не не гледа. Мажот и понатаму е на покривот...Помогнете ни ве молам, кажете им дека сме овде. Бебето веќе не може да издржи, изјавува очајната мајка.

Поплавите во Босна веќе земаа една жртва.

 

15.05.2014 - 14:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега