Притвор за возачот на автобусот кој се судри со воз кај Сармзалино

Одредена е мерка куќен притвор за возачот на автобусот на „Струмица експрес“, поради сообраќајната несреќа што се случи вчера на патот Велес – Штип, кај местото Сарамзалино, кога се судрија автобус и патнички воз при што беа повредени повеќе од 32 лица.
По поднесена кривична пријава од Полициската станица „Свети Николе“, Јавното Обвинителство – Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против возачот на автобусот на „Струмица експрес“.
Возачот В.Ш. е осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Возачот по несреќата беше хоспитализиран на Хируршкото одделение во штипската Клиничка болница заедно со уште 17 други повредени лица. Откако повредите, кои не биле од потешка природа, му биле санирани, тој вчера напладне бил отпуштен од болницата, од каде што во полициска придружба веднаш бил однесен пред Основниот јавен обвинител.

14.05.2014 - 18:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега