Голема полициска акција во Србија - уапсени 10 луѓе осомничени за трговија со луѓе

 

Во акција на Националното истражно биро на Унгарија, српското Обвинителство за организиран криминал и Управата за криминалистичка полиција, денеска се уапсени 10 луѓе поради сомневање за трговија со луѓе, соопшти МВР на Србија.

Уапсените се осомничени дека од јануари 2014 година до денес, како организирана криминална група извршиле кривично дело трговија со луѓе.

Агенцијата Танјуг претходно јави дека во тек е заедничка акција на унгарската и српската полиција за приведување членови на организирана криминална група осомничена за трговија со луѓе. 

14.05.2014 - 09:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега