Меѓу повредените пред Штип и бремена жена - еден патник се бори за живот
Најмалку 32 лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа се случи утрово меѓу шинобус-воз и автобус во близина на бензинската „Мики петрол“ на патот Штип-Велес.
Меѓу повредените, нагласуваат, е и една бремена жена која е во добра состојба.
16 лица патници од автобусот се донесени во болницата во Штип, и сите се во стабилна состојба.
- Сите 16 лица се во стабилна состојба, а 11 моментално се на хирургија. Еден поради повреда на рбетот е испратен во Скопје, изјави Александар Стојановски, директор на Клиничката болница во Штип
Уште 16 повредени во сообраќајната несреќа се пренесени во велешката болница.
Како што информираат од болницата во Велес, тројца со потешки телесни повреди се испратени во Скопје.
Од нив, еден е неконтактибилен, а другите се со повреда на кичмата и ребрата.
Двајца се пуштени на домашно лекување, а останатите се на хирургија и им се спроведуваат прегледи.
Поради несреќата, во прекин е сообраќајот во делот од Овчеполската крстосница до Сарамзалино.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа