Со фалц авиобилети докажувале дека ќе се вратат во Македонија

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против против 49-годишниот Р.И. и 50-годишниот Ч.И. кои со фалц авиобилети докажувале дека ќе се вратат во Македонија.

На 29.11.2013 година, на граничниот премин Аеродром „Александар Велики Скопје“ на излез од Р.Македонија, при вршење на пасошка контрола на патниците за летот W6 7715 нa релација Скопје, Р. Македонија – Ајндховен, Холандија, на полициските службеници  кои вршеле контрола освен што пријавените им приложиле валидни авио билети за гореспоменатиот лет, приложиле  и невистинити електронски авио билети за 06.12.2013 година за летoви со авиокомпанијата ADRIJA AIRWAYS, на релација Брисел-Љубљана, Љубљана-Скопје, како доказ дека ќе се вратат во Р.Македонија.

Се покажало дека авио билетот на име пријавената Ч.И. системски се водел на друго лице, додека авио билетот на име Р.И. воопшто го немало во системот.

12.05.2014 - 15:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега