Мртов пијан прегазил човек па се фрлил во река за да побегне од селаните

Звонко Џ. од Прокупље, откако со неговиот автомобил удри пешак во соседното село жителите почнале да го бркаат па немајќи излез скокнал во реката Топличка за да избега од селаните, а кога стигна до другиот брег, мирно ја чекаше полицијата, пренесува српскиот Телеграф.

Оваа несекојдневна ситуација се случила кога Звонко со неверојатна брзина удрил пешак и побегнал. По сударот тој слета со возилото на другата страна од коловозот и излегол од колата. Кога видел дека селаните почнале да го гонат тој скокнал во реката и почнал да плива бегајќи од нив. Кога излегол од реката стоел на обалата и мирно чекал да дојде полицијата и да направи увид на настанот, при што било констатирано дека Звонко имал 1,75 промили алкохол во крвта.

12.05.2014 - 13:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега