Црна Гора ги наместила резултатите за Евросонг поради членството во НАТО

Претседателот на одборот за европски интеграции на Црна Гора, Славен Радуновиќ  го обвини црногорското жири дека ги наместило резултатите од гласањето за Евросонг.

Радуновиќ повикувајќи се на официјалниот сајт на Евровизија соопшти дека црногорското жири од политички причини не и доделил ниту еден поен на Русија без оглед на волјата на Црногорците.

Публиката и дала 12 поени на Русија, но жирито не смеело да го дозволи тој срам, па го корегирал пласманот на Русија така да не добие ниту еден бод од претендентот за членство во НАТО.

„Има ли крај на резилот и срамотата на оваа јадна земја“, прашува Радуновиќ.

Според правилата на Евросонг, гледачите и стручното жири одлучуваат за гласовите што ги доделува секоја држава поединечно.

12.05.2014 - 09:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега