Дачиќ: Србија нема намера да воведува санкции кон традиционалниот пријател РУсија

Србија сака да биде членка на Европската унија и свесни сме за обврските на тој пат, но земјата мора да води сметка за своите државни интереси, порача денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

По повод повикот на некои европски функционери, а во врска со кризата во Украина, Србија да ја усогласи својата политика со ЕУ, Дачиќ за РТС рече дека земјата ги почитува правилата на Унијата, но дека нема да воведува мерки против Русија, оквалификувајќи ја како “традиционален пријател“.

- Како што се повеќе ќе се приближуваме кон ЕУ, ќе имаме се поголема обврска да се придржуваме до заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Меѓутоа, во оваа фаза Србија мора да води сметка, од една страна да се почитува нашата определеност кон ЕУ, а од друга страна, мораме за секое конкретно прашање да ги проценуваме и нашите државни и национални интереси, порача српскиот министер.

- Ние го почитуваме територијалниот интегритет на секоја земја-членка на Обединетите нации, а од друга страна, Србија не може и нема да воведува какви било санкции против Русија, нашиот традиционален пријател, истакна Дачиќ, дополнувајќи дека станува збор за принципиелен став

12.05.2014 - 00:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега