Го избодел со нож - крвава драма во преполн автобус

Уште еден хорор во Србија. 50-годишен маж од Белград е повреден откако вчера околу 13 часот влегол во автобус и започнал расправија со друг патник.

Се работи за 58-годишниот И.М. кој бил избоден со нож од засега непознат патник кој се скарал со него и започнал да го навредува. Расправијата започнала со "Зошто ме гледаш така", а кулминирала кога напаѓачот го расекол со нож И.М.

Извори на српскиот Курир велат дека напаѓачот го предупредил повредениот да не му се приближува, но тој не го послушал, па го избодел во пределот на ногата.

Полицијата трага по насилникот, а повредениот бил итно пренесен во болница.

11.05.2014 - 13:13
Фото: 
пулс24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега