Холандски туристи се загубиле на Пелистер

 

Двајца холандски туристи вчера се загубиле на планината Пелистер во Битола, но за среќа се пронајдени неповредени.

Тимот за спасување за настанот бил информиран во 15 часот и веднаш започнал со потрагата.

Тимот заминал во акција за пронаоѓање на загубените туристи во 16 часот, веќе во 19 часот туристите беа пронајдени на место викано Козји Камен.

Се работи за двајца туристи од Холандија кои биле сместени во планинарскиот дом на Големо Езеро да преноќат, а тргнале да се искачат на Пелистерските очи, но се појавила магла и така се загубиле.

Од своите мобилни за срежа успеале да се јават и така биле прнајдени.

 

најчитано сега