Вучиќ ветува станови во Србија по околу 130 евра за квадратен метар до 2015 година

До крајот на 2015 година би можела да биде завршена градбата на првите евтини станови во Србија што би чинеле само четвртина од цената на моментно најефтините станови што ги гради државата. Тоа во интервју за Неделник го изјави српскиот премиер Александар Вучиќ.

Според него за евтини станови предвидени се посебни пакет мерки.

– Сега ќе донесеме одлука државата да има право да дава бесплатно земјиште, но цената на становите да биде ниска, изјави Вучиќ.

За таа цел во моментот се во преговори со Араптека, една од најмоќните светски компании чија вредност е над 220 милијарди долари. Тој објаснува дека би се решил проблемот со полицајците и војниците од кои 40.000 се со нерешено станбено прашање.

– Да не зборувам за младите луѓе. Сметките се исти – ако изградат 100.000 станбени објекти тоа се 10 милиони квадрати, бидејќи тие не градат станови помали од 80 квадрати. Рок за плаќање би бил 20-30 години со банкарска камата од 3,1 до 3,2 отсто, без учество. Во тој случај рата за стан од 80 квадрати би била од 120 до 130 евра на месечно ниво, што е помалку од закупнина, вели Вучиќ.

Идејата за тоа според него, не би била само за Белград туку и за други градови.

Премиерот за денешен Блиц вели дека процедурите за изградба на тие станови би почнале веднаш.

Министерката за сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ вели за весникот дека државата е подготвена на инвеститори да им понуди бесплатно земјиште за градење станови.

Градежно-индустриската комора на Србија ја поздрави инцијативата на Владата. 

09.05.2014 - 17:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега