Почина едно од повредените лица од страотната сообраќајка кај Битола

Уште едно лице од повредените во страотната сообраќајка која се случи на патот Битола-Прилеп, утрово за жал и покрај напорите на лекарите го загуби животот. Како што пренесува Нова Македонија, се работи за 21-годишниот Х.А. кој почина и покрај напорите на лекарите во Службата за анестезиологија и реанимација во Клиничката болница во Битола, поради сериозните повреди на главата и тешката контузија на мозокот.

Вториот повреден во страотната сообраќајка имаше тешки повреди и фрактури градите и нозете, а сега е пуштен на лекување.

За потсетување, сообраќајката се случи на 4 мај, на патот Битола - Прилеп, кај селото Лознани, а за жал загинаа пет лица.

09.05.2014 - 13:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега