ФОТО: Гори фабриката за лекови „Плива“

Голем пожар избувна претпладнево во фабриката за лекови „Плива“ во Загреб, објавија хрватските медиуми, нагласувајќи дека полицијата засега не соопштува никави детали за случајот.

Противпожарната служба тврди дека „состојбата е под контрола“, но граѓаните што живеат во околина на фабриката стравуваат дека е можно ослободување на штетни хемикалии во воздухот.

- Примивме повици од граѓани, но не добивме никаква информација од „Плива“. По дојавите, се обративме до одговрните (во фабриката), кои не информираа дека пожарот се санира, соопшти загребската противпожарна служба.

 

На фотографиите испратени до медиумите се гледа како од фабриката се крева густ црн чад, а видливи се и пламени јазици, објави интербнет изданието на „Вечерњи лист“.

09.05.2014 - 12:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега