Му го украле целото сребро - тетовчани се збогатија за 10.000 евра

Меѓу 10 и 15 килограми сребрен накит одзеле вчера засега непознати сторители од продавницата за сребрен накит „Силвер“ на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово, сопственост на 43-годишниот О.Ј. 

Непознатите сторители најпрвин ја отвориле металната решетка што не била заклучена, а потоа насилно ја отвориле и алуминиумската влезна врата, по што одзеле разновиден сребрен накит, прстени, наушници, синџири и друго со вкупна вредност, според проценката на сопственикот од околу 10 илјади евра. Полицијата извршила увид на местото и работи на откривање на сторителите, пренесе МИА.

09.05.2014 - 10:51
Фото: 
Канал5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега