Човештвото не е подготвено за првата средба со вонземјаните!
Откривањето на сигнал кој ќе покаже дека постои вонземски живот е веќе со децении сон на голем број на истражувачи, но Габриел Де Ла Торе од Училиштето во Гадиза вели дека човештовото не е подготвено на тоа.
Шпанскиот научник за Дејли Мејл говори за своите истражувања на студентите кои покажуваат дека нашето незнаење и влијание од религијата ќе не остави во целосен шок во случај на првиот контакт.
SETI програмата од 1984 година трага по знакови на вонземјанска интелегенција, а иако досега не успеале ништо да откријат, потрагата и понатаму трае, а членовите на проектот продолжуваат со обидите, да бидат првите кои ќе го направат првиот чекор да ја испратат пораката од Земјата.
Де Ла Торе професор на одделението за психологија кои порано работел на проектот Марс 500 (симулиран пат на Марс) објавил студија со која тврди дека не сме подготвени за блиска средба со вонземјани.
Собрал 116 студенти од Шпанија, САД и Италија. На студентите се одлучил затоа што сметал дека тие ќе бидат генерацијата на следните политичари, научници и водечки луѓе по што сакал да го испита нивното знаење.
Ги испитувал за верските уверение, околината, знаењето за вселената и нивните дневни активности и ставови за животните патишта. Сите прашања на некои начин биле поврзани со СЕТИ програмата. Така ги испитувал луѓето за веројатноста на животот на другите планети, годините кога луѓето за прв пат оделе по Месечината, најголемата планета во Сончевиот систем. Дури 82% од луѓето знаеле дека 1969 година била годината кога човекот зачекори на Месечината.
Тој вели дека општото знаење за вселената не е доволно и смета дека агенцијата треба да ги зголеми своите напори во образованиет.
Верските уверение се доста цврсти, и додека тоа не мора да биде проблем, сепак може да влијае на ставовите на луѓето кои би можеле да се соочат со големи случувања како првиот контакт.
„Не сме подговтени за разговор со вонземјаните затоа што глобалната свет не е доволно развиена меѓу луѓето. Тие имаат свои секојдневни проблеми и владите не посветуваат доволно внимание за глобалните прашања како што е планетата и околината - вели научникот и додава дека поради фокусираноста на дневните проблеми немаме свест за нашето опкружување.
„Тоа е како метеор кога ќе падне на земјата. Тоа е голема вест, но е постојана и реална можност“, вели Де Ла Торе и додава дека во вселената постојат други видови на облици на интелегентен живот кои може значително да се разликува, физички, ментално друштвено и морално. Можно е и да не се биолошки облик на живот“, вели Де Ла Торе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа