Ограбил банкомат на Стопанска банка во Струга - не се знае колку пари земал

Во Струга на улица „ЈНА“ во берберница каде е сместен банкомат на „Стопанска банка“ ноќта помеѓу 6-ти и 7 мај непознат сторител со употреба на погоден предмет ја отворил влезната врата од берберницата, а потоа го отворил банкоматот од каде одзел три касети со пари во апоени од 500 и 1.000 денари. На местото на настанот е извршен увид, материјалната штета дополнително ќе биде утврдена. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

08.05.2014 - 11:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега