Василакис: Грција сака решение - другата страна не прави ништо

 

Грчкиот преговарач во спорот за името, Адамантиос Василакис, по остварените средби со посредникот во спорот Метју Нимиц и македонскиот преговарач Зоран Јолевски, изјавил дека  „Грција сака решение, но другата страна не направи ништо досега и останува на позицијата од 1995 година". Тој за грчката агенција ANA-MPA истакнал дека позициите на Македонија се уште се исти.

Нимиц по вчеерашната средба во Њујорк ги повика двете страни „сериозно да размислат дали постојат нови начини за решавање на спорот" и најави интензивирање на процесот за време на летото. Тој најави дека регионот ќе го посети на почетокот на јули. 

07.05.2014 - 10:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега