Почина пејачот Војо Стојановски
По кратко боледување синоќа на 65-годишна возраст почина македонскиот музичар, автор и пејач на народна музика, Војо Стојановски. Тој беше и поранешен пратеник во македонското Собрание.
Стојановски напиша неколку песни кои оставија трага во македонската народна музика - „Ти донесов млада невеста“, „Една мисла имаме“ ,„Свадба голема“ ...
Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во кичевското село Букојчани. Ќе биде погребан денеска во неговото родно село.
07.05.2014 - 09:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа