Пратениците не ги враќаат мандатите - Заев во паника ги носи на нотар
Кандидатите на СДСМ кои ги добија новите 34 мандати се соочуваат со вистински притисок од раководствто предводено од Заев и Шеќеринска. Лидерскиот двоец во паника дека може да му се случи она што Заев му го направи на Отпорот пред локалните избори минатата година, бара секој од кандидатите кои добија нови мандати но и оние подолу на листите да потпишат изјави на нотар дека се откажуваат од мандатите. Дел од новите пратеници на опозицијата, пред се од редовите на коалиционите партнери на СДСМ велат дека се под силен притисок да ги депонираат оставките со потпис заверен на нотар уште пред 11 мај, за кога е закажан Конгресот на СДСМ.
Дека се потпишувале оставки на нотар, на социјалнтие мрежи потврди и Кире Наумов кој се пофали дека ја депонирал својата оставка во СДСМ
Интересно е што Наумов депонирал оставка, но тој се наоѓаше на деветото место во првата изборна единица, а таму СДСМ доби само 7 пратеници. Тој испраќа порака дека нема да го прифати мандатот во случај најмалку двајца пратеници пред него да ги потпишат своите оставки.
Интересно е што коалициониот партнер на СДСМ, ЛДП на Жерновски се уште не донела конечна одлука за тоа како ќе се постави по најавата на СДСМ за враќање на мандатите. Извори од партијата велат дека внатре владее големо незадоволство, особено ако се има предвид дека оваа партија веќе подолг период делува вонпарламентарно и дека е време да си го најде местото на пратеничките клупи. Според последните информации од партијата, ЛДП вечерва треба да одржи Централен одбор по што ќе се знае какви ќе бидат конечните одлуки.
Во меѓувреме, најава за враќање на мандатот стигна и од Руфи Османи. Неговата НДП уште пред изборите беше во неформална коалиција со СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа